Kои пратеници од владината коалиција не гласаа за Законот за јазици

Сподели

Со 64 гласови „за“, без против и воздржани Собранието го изгласа законот за јазиците. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа ниту “ЗА” ниту “Против”.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, законот го прогласи за донесен и покрај бурните реакции на опозицијата. Собраниското обезбедување претходно спречи инцидент и пресметка меѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Груевски и собранискиот спикер Талат Џафери.

Ферид Мухиќ, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска, како и уште две пратенички од СДСМ и коалицијата не гласале за законот за употреба на јазиците кој беше усвоен вчера во парламентот. Собраниските листи покажуваат дека на гласањето не се изјаснил ниту лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој претходно изјави дека „не е дел од Владата, но дека дошол да гласа за закон според договорот што го имале кога се формираше Владата“. За законот гласале независните пратеници Чедомир Саздовски и Амди Бајрам, но не и Африм Гаши од Беса.