Обвинетиот Бобан Илиќ за случајот со смртта на малиот Алмир Алиу од Куманово, нема да одговара за „убиство со умисла“, туку за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, откако на денешното рочиште обвинителката направи преквалификација на делото -одлучи Судот во Куманово.
На судскиот процес му претходеа повеќе протести за малиот Алмир и остро се осудуваа обидите да се направи преквалификација на кривичното дело. Со нив се бараше неселективна правда, како и Јавното обвинителство на Република Македонија, но и од Јавните обвинители како носители на функции, стручно и совесно да ја вршат нивната функција.