Цукеберг: Подобра заштита на податоците на корисниците на Facebook

Сподели

Основачот на “Facebook” Марк Цукеберг ги призна грешките и најави чекори кон подобра заштита на податоците на корисниците, по скандалот со преземање на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници.

Тој на својот профил на “Facebook” напиша дека компанијата има „одговорност“ да ги заштити податоците на корисниците.

„Ако тоа не го можеме, тогаш не заслужуваме да ви бидеме на услуга“, истакна тој.

Цукеберг информира дека работел на тоа да сфати што точно се случило и како да се обезбеди тоа да не се случи повторно.

„Добрата вест е дека најважните чекори за спречување ова да не се повтори повеќе ги направивме пред неколку години. Но, ние исто така направивме грешки, има уште да направиме, и треба да засилиме и да го направиме тоа“, напиша тој.

Компанијата “Facebook” загуби околу 37 милијарди долари по скандалот со преземање на лични податоци на повеќе од 50 милиони корисници. Тоа ги исплаши инвеститорите па вредноста на акциите на падна за околу седум отсто.

Извршниот директор и основач на “Facebook” Марк Цукерберг претрпе загуба од четири милијарди долари.