Протест и транспаренти „Нашето име е Македонија“ пред МНР

Сподели

 

За време на средбата помеѓу македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, пред Министерството за надворешни работи на протест се собрани група граѓани.

Протестот е во организација на неколку патриотски здруженија, кои  носат транспаренти на кои на англиски јазик е напишано „Нашето име е Македонија“, „Коѕиас оди си дома, не си добредојден во Македонија“, „Стоп за холокаустот против Македонците“ и „Стоп за расизмот и дискриминацијата кон Македонците“.

Коѕиас и Димитров по средбата ќе имаат заедничка прес-конфренција, по што грчкиот министер за надворешни работи ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а попладневно во Собранието ќе има средба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.