Да се спаси Водно: Стопирање на градежните активности во парк-шумата Водно, и таа да добие статус на заштитено подрачје

Сподели

Граѓанските организации ги повикуваат граѓаните во недела во 8 часот да дојдат кај Полициската станица во подножјето на Водно за да упатат порака против изградбата на гасоводот преку Водно.

Тие бараат од надлежните институции запирање на градежните активности во парк-шумата Водно и таа да добие статус на заштитено подрачје.

Како што велат во нивниот апел на Фејсбук, тие не се против изградбата на гасоводот, но не преку Водно.

„Сите кои го сакате Водно непрекопано и без непотребни градби и штетени проекти, дојдете на закажаното место каде што ќе биде стартот на трката „Водно-Матка треил маратон-Навивај на планинскиот маратон Водно – Матка“, се вели во поканата за настанот.

Инаку, оваа реакција на граѓанските активисти следува откако планинарите открија дека на месноста Седло на Водно, има градежна механизација која започнала да го прекопува теренот за изградба на гасоводот.