Македонскиот краткометражен филм „Види ја ти неа“ на фестивал во Виена

Сподели

Победникот на „Санденс“, краткометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски ќе се натпреварува во програмата 6. LET’S CEE Филмски Фестивал во Виена.

На фестивалот „Опасно добри филмови“ ќе бидат прикажани филмови од Централна и Источна Европа, Турција, како и регионот Кавказ, од 13 до22 април, со околу 155 играни, документарни и кратки филмови кои ќе бидат прикажани во пет различни кино сали во Виена.

Филмот ќе има 2 проекции за време на Фестивалот, на 19-ти и 22-ри април.

Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска, Милица Стојанова, Жарко Јовановиќ, Иво Антов, Виктор Арсов, Симон Манасковски, Изабела Новотни и Горан Илиќ.

Филмот е во продукција на Црна Мачка Продукција, во копродукција со Скопје Филм Студио, а беше финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ.