Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, информираше дека досега 14 земји членки на Европска унија протерале руски дипломати од своите земји. Тој додаде дека не исклучува дополнителни европски мерки, како што се натамошни протерувања, пренесува МИА.
Меѓу земјите кои ќе протераат руски дипломати се: Полска, Литванија, Летонија, Естонија, Германија, Франција, Данска, Украина, Чешка, Холандија, Франција, Италија и САД.
САД одлучија да протераат 60 руски шпиони, а исто така ќе биде затворен и Рускиот конзулат во Сиетл.
Од Германија, Полска и Франција ќе бидат протерани по четворица руски дипломати, од Литванија и од Чешка – тројца, од Данска, од Холандија, од Италија и од Шпанија – по двајца, од Летонија и од Естонија – по еден, а Украина ќе протера 13 руски дипломати.
Руските амбасадори во Полска, во Летонија, во Литванија и во Естонија утрово се повикани во министрствара за надворешни рабвоти на тоие земји.
Од Велика Британија веќе се протерани 23 руски дипломати откако поранешниот руски шпион Сергеј Скрипл и неговата ќерка Јулија ма 4 март беа нападнати со нервен гас во Солсбери. Нивната состојба е и понатаму критична.
Британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамсон, кој е во посета на Естонија, денеска изјави дека е издадена наредба за заплена на имотот на руски државјани, чие потекло е непознато.