Од 1. април ќе се намалат максималните цени на 336 генерички и 222 оригинаторни (иновативни) лекови. Намалувањето на максималните цени доведува и до намалување на големопродажните и малопродажните цени на лековите кои ќе важат од 1 април.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека се намалуваат цените за 40 до 50% од генеричките и иновативните лекови.
– Заштедата кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 993.000 евра, додека кај иновативните лекови изнесува 1.388.600 евра или вкупно 2.381.600 евра. За компарација во 2016 година вкупната заштеда кај оригинатните и генеричките лекови изнесувала 1.126.000 евра, а во 2017 заштедата изнесувала 398.315 евра, рече Филипче и додаде дека станува збор за најголема заштеда досега.