МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најизразен по должина на Повардарието.
Минималните температури ќе се движат од -2 до 5, а максималните од 16 до 22 степени. Во Скопје ќе биде исто така сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата од 2 до 20 степени.
До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст.
Вo четврток сè уште ќе биде топло, но ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд. Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има од ноќта кон петок и ќе биде проследен со повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер, а особено на југот ќе има и услови за појава на нестабилност и грмежи.