Три автобуси со американски дипломати кои се протерани од Русија, рано утрото ја напуштија Амбасадата на САД во Москва, пренесува МИА.
Десетици американски дипломати и нивните семејства го напуштија објектот на Амбасадата на САД и се упатија кон аеродромот.
Русија претходно соопшти дека ќе протера пропорционален број дипломати од сите држави кои применија таква мерка кон руски дипломатски персонал поради случајот со труењето на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија.
Москва соопшти дека протерува 60 американски дипломати и затворање на Конзулатот во Санкт Петербург како реципрочен одговор на слична мерка на САД.