Џафери: Напаѓачите извикуваа дека сите ќе нѐ убијат

Сподели

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во Кривичниот суд сведочеше за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села, во Парламентот на 2017 април, минатата година.

Џафери пред судот рече дека се почнало околу 19 часот, кога група граѓани насилно влегле во прес-центарот на Собранието.

„Ќе ве убиеме сите, нема да излезете од овде. Ја продадовте државата“, извикувале тие. За да го го заштитат Џафери, пратениците направиле кордон, а меѓу оние кои застанале пред него биле и Зоран Заев, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски. Џафери бил евакуиран од собраниското обезбедување и однесен во касарната во Ѓорче Петров.

Џафери изјави дека Села бил лево од него, но во еден момент додека зборувал на мобилен, Села го снемало.

„Зборував на мобилен, а кога се свртев Села веќе не беше таму. Мислев дека е евакуиран, но еден од напаѓачите дојде и извика: “Завршивме со Села, сега на вас е редот”.

.