„Кувајт Ервејс“ од безбедносни причини ги суспендираше летовите кон Бејрут

Сподели

Авиокомпанијата „Кувајт Ервејс“ (Kuwait Airways)од безбедносни причини ги суспендираше летовите кон Бејрут во Либан, почнувајќи од денеска, јавува Anadolu Agency (AA).

Компанијата на социјалните мрежи соопшти дека таква одлука донела по безбедносните предупредувања за опасност во воздушниот простор околу Либан, поради што од денеска се суспендирани сите летови кон Бејрут.

Европската организација за контрола на летови (Eurocontrol) на 11. април, ги предупреди авиокомпаниите што летаат во источниот дел од Медитеранот за можни воздушни напади врз Сирија во следните 72 часа.

Организацијата предупреди дека би можело да дојде до прекин во радиокомуникациите и нарушувања на навигацијата.