Извештајот на ЕК денеска пред Комисијата за европски прашања

Сподели

Денеска во Собранието на Р. Македонија започнува разгледувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, од страна на Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен Комитет РМ-ЕУ.

Извештајот на ЕК пред пратениците ќе го презентира евроамбасадорот Жбогар.

Обраќања ќе имаат премиерот Заев и Даниел Сервер од Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон.

Македонија доби безусловна препорака во Извештајот за напредокот, но конечната одлука за датум за преговори Европскиот совет треба да се донесе во јуни.