Џафери – Соботка: Австриска поддршка за евроинтеграцискиот процес

Сподели

Во рамките на учеството на Конференцијата на претседатели на Парламенти од земјите на Европската Унија, која што се одржува на 23 и 24 април во Талин, Естонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари билатерална средба со претседателот на Австрискиот национален совет, г. Волфганг Соботка.

Џафери изрази задоволство од средбата, особено што се остварува непосредно пред преземањето на претседавањето на Австрија со Советот на ЕУ, што е сигнал за силна поддршка на евроинтеграциските процеси на Република Македонија.

-“Австрија ја поддржува Република Македонија во евроинтеграциските процеси, и при тоа нагласи дека, интензивирањето на парламентарната размена и комуникација може да придонесе во зајакнување на севкупните односи на двете земји. Во периодот што следи, се очекува двата Парламента да продолжат да соработуваат во рамките на Парламентарното собрание на ОБСЕ преку заеднички активности на пратениците” – изјави Соботка.

На крајот од средбата, двајцата претседатели се согласија интензивирањето на парламентарната соработка да ја остварат преку заемни активности и посети, при што претседателот на Собранието, г. Џафери, ја повтори отворената покана до својот колега за посета на Република Македонија во текот на 2018 година.