По повод Меѓународниот ден на трудот вчера во Скопје се одржаа неколку различни протести на синдикалните организации на кои учествуваа повеќе стотици граѓани. Тие побараа подобри работнички услови, поголеми права и поголема заштита.
Сојузот на синдикати на Македонија организираше Првомајски марш од пред нивното седиште до владата каде побараа достоинствена плата, покачување на личниот доход, ценење на работничкиот труд, регрес во јавниот и во приватниот сектор и стоп за мобингот што се врши врз вработените.
Првомајски протест од пред зградата на МРТВ до владата организира и Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија(КСОМ).
Повелбата за солидарност чии членови се Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикатот на управата и правосудството(УПОЗ), кој е дел од ССМ, синдикатот на дипломатската служба, синдикатот на култура и Независниот академски синдикат, маршира од плоштадот Карпошово Востание, кај споменикот на Филип Втори до Собранието и владата.
Протестот на политичката партија Левица е започна пред споменикот на Синдикатот меѓу двете светски војни кај Југодрво, а на Левичарското движење Солидарност пред Стопанската комора на Македонија.
Здравко Савески од Левица рече дека би сакал да има еден поголем протест, наместо неколку помали, но оти сепак е поважно да се изрази незадоволството од состојбите и од пасивноста и на новата влада во однос на заштитата на работничките права.
-Во мерките кои се напишани во предизборните ветувања има и мерки за кои нема потреба од никаква претходна подготовка за имплементација. На пример, договорите на определено време кои во моментов траат неверојатни пет години може за максимум еден месец да биде сменето и да биде вратена должината на максимум шест месеци како што беше порано. Но, едноставно тие покажуваат ноншалантност, незаинтересираност, дури и за она што тие го ветиле -вели Савески.
Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Тамара Чаушидис пред почетокот на Првомајскиот протест посочи дека бараат пристојни услови за работа и пристојна плата.
– Изминативе неколку години дел од синдикатите не се согласија да молчат. Беа на улица, денеска се повторно на улица. Добивме многу ветувања, но ситуацијата не се подобрува – истакна Чаушидис.
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски денеска по протестот, до Владата ги достави барањата на синдикалците.
Димовски порача дека протестите се нов почеток на враќање на довербата во синдикално
Во врска со барањата на синдикатите премиерот Заев изрази уверување дека дел од нив се остварливи.
-“Синдикатите сезаштитници на нашите работнички права. Генерално ги пподдржувам сите нивни заложби и согласно можностите на Владата, перфомансите и капацитетите, верувам дека се остварливи. Преку дијалог ќе треба да дојдеме до решенија”, – изјави Заев.