Донесен новиот Закон за високо образование

Сподели

Собранието денеска го донесе новиот Закон за високо образование.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска во своето обраќање до пратениците во Собранието рече дека посебен фокус е ставен на контролата на квалитетот во високото образование.

Досегашниот Одбор за акредитација и евалуација е поделен на две тела: посебно тело за евалуација на квалитетот на високото образование и посебно тело за акредитација.

– “Вака ќе се обезбеди и контрола на акредитираните програми, со цел да се утврди дали акредитираните институции го обезбедуваат квалитетот што тие го предвиделе” – изјави министерката Рената Дескоска.

Нов начин на студентско организирање, нови институции кои ќе ги мерат квалитетот и работата на високообразовните институции, повеќе надлежности се враќаат во рацете на професорите, односно наставно-научните совети, а слабее моќта на деканите и на ректорите.