Уапсени 72 припадници на ФЕТО во западна Турција

Сподели

Во турската област Измир, рано утринава, уапсени се вкупно 72 лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, организација која стои зад неуспешниот обид за државен удар на 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Полициски извори наведуваат дека меѓу осомничените се наоѓа и висок припадник на ФЕТО.

Полицијата спроведе акции на 118 различни локации, за кои имало информации дека се користат како скривалишта за извршување на организациските активности.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетулах Ѓулен, којшто живее во САД, стојат зад неуспешниот државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 луѓе, а околу 2.200 беа повредени.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на демократски избраната власт преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.