ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град.

Дневната температура ќе се движи од од 17 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи со максимална дневна температура до 26 степени.

Утре ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Процесите ќе бидат поинтензивни на запад и на југ, каде што ќе има и почеста појава на град. Во вторник и среда ќе биде малку посвежо со повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови, а условите за нестабилност ќе бидат помали.