Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му честита на Владимир Путин по повод инаугурацијата и четвртиот мандат за претседател на Руската Федерација.
„Претседателот Трамп му честита на Путин и се надева дека наскоро ќе дојде време за градење добри американско-руски односи“, изјави гласноговорничката на Белата куќа, Сара Сандерс.
Путин вчера положи свечена заклетва и го презеде четвртиот шестгодишен мандат на чело на Русија.