Што е контроверзно во изборот на Џезаир Шаќири-Хоџа за советник во премиерскиот кабинет? – праша вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ не може да се изначуди на леснотијата на изговорените зборови и на обидите по којзнае кој пат со манипулативен вокабулар и замена на тези да се избегне одговорноста и некадарноста.
Министре Спасовски контраверзно е тоа што Вие како министер во владата на Зоран Заев и ние како држава се досега немавме контрола на дел од територијата на Република Македонија, а молчевте и криевте од јавноста. Контраверзно е дека ангажирањето на Хоџа е резултат на политички договор, Вие него да го ставите поблиску до премиерот Заев, а тој да го ослободи селото Танушевци. Контраверзно е што направивте гола трампа. Функција во замена за ослободена и досега неконтролирана територија. И не е само што е контраверзно, министре Спасовски, туку е жално и срамно.
Бидејќи Спасовски не знае или пак изумил, сакаме да го потсетиме дека постои меѓународна потерница од страна на Србија за поранешниот командант на ОВК Џезаир Шаќири Хоџа кој е под обвинение дека е еден од организаторите за нападот на преминот Доброшин кај Прешевската долина, но и дека тој се наоѓа на црната листа на САД.
Исто така сакаме да го потсетиме министерот и премиерот дека Кондовецот Агим Красниќи и неговата дружина кои своевремено се закануваа дека ке го гранатираат Скопје за возврат не добија функци, туку вкупно 53 години затвор за злосторничко здружување и поседување оружје.
Министре Спасовски со Вашата изјава дозволивте дополнително да ја девалвирате функцијата Министер за внатрешни работи како и да ги понижите граѓаните на Република Македонија и да ја девалвирата државата. Затоа е најдобро сега кога имате компетентен советник за безбедност и радикализам во кабинетот на премиерот Вие како некомпетентен и некадарен да си поднесете оставка и да заминте од функцијата. По можност во пакет со премиерот, – се наведува во соопштението.
ВМРО ДПМНЕ- ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА