Захариева: Очекувам две нови членки во ЕУ до 2025 година

Сподели

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изрази надеж дека две земји од Западен Балкан ќе станат членки на ЕУ до 2025 година.

Захариева која е и заменик на бугарскиот премиер, во Софија учесвуваше на конференција на Европскиот економски и социјален комитет каде е побарано интеграциите на Западниот Балкан да останат главен приоритет на ЕУ.

“Се надевам дека ќе видам како две земји од Западен Балкан стануваат членки на ЕУ до 2025. година”, рече Захарова притоа нагласувајќи ја улогата на цивилното општество во социјално-економскиот развој и поврзувањето на Западен Балкан.