ВМРО ДПМНЕ е политичка партија, а не адвокатска канцеларија и заштитник на обвинетите за сторени зла

Сподели

Во овие историски моменти кога се одлучува за името, идентитетот и идината на нашата држава, како Демократска Фракција на ВМРО ДПМНЕ, не можеме да се изначудиме како тоа новото наметнато партиско раководство на ДПМНЕ, на чело со Христијан Мицковски, се обидува со банални и контрапродуктивни прес конференции да го дезавуриа вниманието на граѓаните и да да ги игнорира приоритетите на државата и нацијата. Недозволиво е, па макар тоа било и под диригентска палка на наметнат лидер, ВМРО ДПМНЕ и понатаму да се обезличува и да биде во служба и заштита на обвинетите партиски криминални структури наместо во служба и заштита на државните и национални итереси. Партијата не смее и понатаму да се става во улога на заложник за нечиј спас, за да на крајот членството и сите граѓани ги платат сите нивни цехови и гревови.

Господине Мицковски, ВМРО ДПМНЕ не е создадена и градена да биде адвокат на ,,ѓаволите” и заштитник на оние кои за лични и лукративни цели го осиромашиле македонскиот граѓанин и истиот го довеле на работ на опстанокот.  Приоритет на една државотворна партија како ВМРО ДПМНЕ не е заштита, уцена, пазарење и притисок врз судството за ослободување на сторители на кривични дела. Законите и правдата во оваа држава мора да важат подеднакво за сите без разлика на партиската, етничката, верската и било каква друга припадност. Криминалните и квази патриотски структури кои и понатаму ја обезличувааат и девалвираат партијатата под итно мора да се минато за  ВМРО ДПМНЕ.

За ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција се додека наметнато раководство на партијата, анатемисаните членови на ИК, како и ново назначените невмровски и некадарни претседатели на ОК се во длабока закрила и под стегите на поранешните партиски функционери, се дотогаш партијата ќе биде основ и мета за постмев од довчерашни и сегашните партиски коалициони партнери и некредибилен европски партнер.

ВМРО ДПМНЕ не смее и понатаму да глуми фиктивна опозиција и да се занимава со тривијални работи. Водење на недоследна партиска политика, распната помеѓу реалноста и фикцијата, безидејноста и импровизацијата, и немањето капацитет и храброст да се биде самостоен наспроти внатрешниот и надворешниот притисок, се причини кои и во иднина ќе ја дообезличуваат и руинираат партијата. Потребно е итно да се изградат и промовираат конкретни препознатливи ставови, принципи, идеологија и политика во интерес на државата и нацијата и за најкратко можно време со ново и демократско избрано раководство од членството, партијата да се врати како победник на политичката сцена.

ВМРО ДПМНЕ- ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА