Кампања на National Geographic за загадувањето со пластика

Сподели

– Планета или пластика? – пишува на насловната страница на National Geographic, и масовно се шири по социјалните мрежи за будење на свеста кај луѓето. Дали некогаш ќе се разбудиме и ќе сфатиме дека ако ние вака се однесуваме кон единствената планета што ни овозможила живот, како таа ќе се однесува кон нас?

„Веќе 130 години, National Geographic ги документира приказните на нашата планета, овозможувајќи ѝ на публиката од целиот свет да ја види неверојатната убавина на светот, како и заканите со кои се соочува“, изјавил Гери Е. Кнел, извршен директор на списанието.

Ова е една од целите на иконската кампања на списанието. Луѓето зад овој проект бараат како да го променат начинот на кој користиме пластика. Ако потрошувачите и организациите можат да работата заедно и да направат промена на фундаментално ниво, корпорациите надежно ќе го исполнат барањето на јавноста и ќе ја намалат пластиката во нивните продукти.