AA: Предлогот за името „Република Илинденска Македонија“ е тежок удар врз секуларниот карактер на државата

Сподели

„Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е бескомпромисна стратегиска и политичка определба на Алијансата за Албанците. Таа го повторува својот став дека е против која било тенденција да се славизира во која било форма името на државата. Во врска со информацијата лиферувана во јавноста околу новото име на државата, Алијансата за Албанците констатира дека ова именување е тежок удар врз секуларниот карактер на државата како една од основите на либералната демократија”, наведува во своето соопштение Алијансата за Албанците, пренесува агенцијата ИНА.

Претседателството на оваа партија исто така ги поддржува напорите на меѓународниот фактор и на Владата за решавање еднаш засекогаш на спорот со Грција околу името на државата. „Го потсетуваме премиерот на државата дека Албанците во овој важен политички процес не можат да бидат претставувани од некој кој е делегитимиран од гласачите – Албанци во повеќе изборни циклуси”, стои во одлуката на Алијансата за Албанците, пренесува ИНА.