ОН: Над 2.200 мигранти се спасени во Средоземното Море

Сподели

Повеќе од 2.200 мигранти од петокот се спасени во Средоземното Море меѓу Северна Африка и Италија“, се соопштува од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) при ОН, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во првите 147 дена од 2018 година во Европа преку морето пристигнаа 30.300 мигранти и бегалци, од кои 40 отсто пристигнаа во Италија, 35 отсто во Грција и останатите 25 отсто во Шпанија“, изјави портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) при ОН, Џоел Милман, на прес-конференцијата одржана во Женева.

Тој изјави дека истиот период минатата година низ регионот биле забележани 69.219 пристигнувања и околу 198.346 истиот овој период во 2016 година.

Според податоците на организацијата, 655 мигранти и бегалци кои се обиделе да пристигнат во Европа оваа година, загинале во водите на Медитеранот.

„Пристигнувањето на мигрантите и бегалците преку Медитеранот оваа година се наоѓа на ниво под половина од нивото минатата година, а помалку од 15 отсто од нивото во 2016 година во истиот период од годината“, рече портпаролот.

Тој истакна дека пристигнатите мигранти и бегалци овој месец во Италија (2.638) се рангираат на второ место, потоа следува Шпанија (2.880) и на крај Грција (2.360).

Нагласувајќи дека над 2.200 мигранти се спасени во водите на Медитеранот во изминатите четири дена, тој рече дека најголемата операција на пристигнување на мигрантите се случила минатата сабота на италијанскиот остров Сицилија, чиј број се искачил над 720.

Од ИОМ се вели дека сите мигранти кои пристигнале на островот, заминале од Либија. Исто така, со мигрантите имало многу Западноафриканци кои дошле од Африканскиот Рог.