Лидерот на Социјалистичката работичка партија (PSOE), Педро Санчез е избран за нов премиер на Шпанија.
Санчез ќе ја преземе функцијата во понеделник и ќе именува претставници на кабинетот следната недела.
На барање на PSOE започнато е гласање за доверба на Владата на Шпанија. Со 180 гласа изгласана е недоверба на Владата на Рахој, додека 169 пратеници гласаа против, а еден остана воздржан.
Рахој, кој беше еден од најдолговечните премиери во Европа, ја изгуби довербата во Парламентот откако неговата Народна партија минатата недела беше осудена за корупција.