Исчезнати се околу 200 лица, а повеќе од 70 загинаа во силната ерупција на вулканот Фуего во Гватемала. Локалните медиуми пренесуваат дека спасувачките акции се прекинати поради нова ерупција проследена со исфрлање жежог гас и растопени карпи.
Спасувачките екипи вчера ја прекинаа нивната мисија, поради нова ерупција што исфрла жежок гас и растопени камења од вулканот. Повеќе од 1,7 милиони луѓе се засегнати од вулканската ерупција, од кои над 3.000 се евакуирани.