Земјотрес во Јапонија – три лица загинаа и над 200 повредени

Сподели

Најмалку 3 лица загинаа, а над 200 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер кој ја погоди Осака и други делови на западот од Јапонија, соопшти јапонската метеоролошка агенција.

Загинатите се деветгодишно девојче и две жени од 80 и 85 години.

Земјотресот се случил околу 8 часот по локално време, а предизвикал прекин на електричната енергија и водоснабдувањето, како и значителна материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.

Поради земјотресот, привремено се затворени аеродромите Кансаи и Кобе.