“Avec l’amour” – Kино на отворено 21. јуни

Сподели

На ваше барање, а и на наше големо задоволство, одиме повторно со #outdoorcinema настан овој месец. Град Скопје, Кино Милениум и МКЦ овој пат ве канат на бесплатна проекција на генијалниот документарен филм “Avec l’amour” на режисерот Илија Цветковски и продуцентот Атанас Георгиев, за чија премиера бевме лично поканети од Стивен Спилберг 🙂

Од детали:

– Обезбеден е превод на филмот на англиски јазик.

– Проекцијата започнува на 21.јуни,  22:00 во Градскиот парк, на ледината кај 8 чешмички (потегот помеѓу споменикот на Гоце Делчев и јужната трибина на Градски стадион) – исто место како и претходно.

– Lotus chairs/bean bags имате на располагање од страна на организаторите, но пак ви предлагаме да си понесете камперско столче или ќебенце во случај да се зафатени.

– Понесете си храна и пијалаци по желба.

– За отпадоците не мора да ви кажеме затоа што сите бевте доволно фини и ги собравте по проекцијата на Исцелител. Се надеваме дека и по оваа проекција ќе бидете во исто расположение 🙂

Дојдете ни пак да си уживаме на отворено кино и прекрасниот филм за професорот Дионис Пашлаков. Се гледаме со пуканки во ГРАДСКИ ЛЕТЕН ПАРК 2018!