Собранието денес во 11 часот се очекува да одржи седница за ратификација на договорот за името меѓу Македонија и Грција.
Талат Џафери, изјави дека е решено Предлог законот да биде разгледан во собраниска Комисија за европски прашања каде ќе се усвои по итна постапка. Тој рече дека претходно имал средба со координаторите на пратеничките групи и со оглед на тоа дека деловникот е јасен, не очекува овој процес да биде попречен од опозицијата.
Додека пратениците во Собранието ќе треба да расправаат по единствеата точка на дневен ред – Ратификација на договорот со Грција, граѓаните кои веќе неколку дена протестираат пред Собранието, денеска повикаа на нов протест во 11 часот, за кога е закажана и седницата.