Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието што се однесува на Договорот за името со Грција, а за тоа како ќе дејствуваат понатаму ќе одлучуваат партиските органи, изјави денеска пратеникот Антонијо Милошоски.
Спроед него, договорот не е компромис туку уцена, што некој, како што наведе, морал да ја потпише или поради претходни дејствија или за идна награда.
– Правно, договорот е антиуставен, национално е понижувачки – рече Милошоски.
Тој обвини за злоупотреба на европското знаменце на законот, со што биле прекршени сите процедури.