ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Попладне, главно на североисток и северозапад ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 31 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 34 степени.

За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено во недела.