Министерството за труд и социјална политика заедно со УНИЦЕФ организираше тренинг и обучи тим од 35 професионалци од повеќе области. Овој тим ќе може да прави проценка на можностите и потребите на лицата со попреченост.
Всушност тимот е обучен да може да направи проценка што самите лица со попреченост може да прават и како нивните можности да се подобрат и зголемат.
На овој начин Министерството за труд и социјална политика наместо да се фокусира на попреченоста, се фокусира на можностите на овие лица и нивно унапредување.