Столтенберг: Покана за НАТО кога ќе се исполни Договорот со Грција

Сподели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува дека по договорот со Грција Македонија ќе биде поканета да почне со преговори за членство во НАТО.

На денешната пре-конференција Столтенберг рече дека Македонија ќе стане членка на НАТО под новото име Република Северна Македонија.

– Очекувам дека по историскиот договор постигнат минатион месец за спорот со името ќе го поканиме Скопје да почне со преговори за членство. Кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, ќе можеме да ја поканиме поранешната југословенска Република Македонија да стане 30 членка на НАТО под нејзиното ново име, Република Северна Македонија. Ова е сигнал дека портата на НАТО е и ќе остане отворена – изјави Столтенберг, јави диписничката на МИА од Брисел.