МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје слично време со утринската температура до 15 и дневна до 31 степени.
До крајот на работната недела ќе се задржи претежно стабилно и потопло време. Во петок ќе има услови за краткотрајна нестабилност на север и ќе почне да дува поинтензивен северен ветер. За време на викендот се очекува локален дожд и ретки грмежи, а ќе дува повремено засилен северен ветер.