Куба: Новиот устав ќе признава приватна сопственост, ќе легализира истополови бракови и ќе забрани дискриминација по етничко потекло

Сподели

Со новиот устав кој носи бројни промени Куба за првпат официјално ќе ја признае приватната сопственост

Продажбата на имот во земјата беше забранета откако Фидел Кастро стапи на власт во 1959 година, но се дозволи со законските измени во 2011 година.

Новиот устав на државата водена од комунистите сепак ќе потврди дека централното планирање и државните претпријатија се клучни за економијата, а се очекува да биде изгласан на националното собрание следната недела.

Нацрт-уставот потоа ќе биде ставен на референдум за конечно да биде одобрен во текот на годината. Ако биде усвоен, тој ќе го замени постоечкиот устав, кој беше одобрен од страна на Комунистичката партија во 1976 година.

Уставот ќе ја забрани дискриминацијата врз основа на пол, етничко потекло или попреченост. ЛГБТ групите се надеваат дека ќе се легализираат истополовите бракови.

Од 2010 година, Куба претрпе серија пазарни реформи насочени кон зајакнување на економијата. Националното собрание минатиот месец предложи бројни уставни реформи – вклучувајќи го и ограничувањето на претседателскиот мандат и легализацијата на истополови бракови.