Скандалозното и неодговорното однесување како и сериозното кршење на законите се главна одлика на ВМРО ДПМНЕ и Ѓорге Иванов.
Изнесувањето на детали од лидерски средби кои се класифицирани како државна тајна на лица кои не поседуваат безбедносен сертификат за државна тајна, а во случајот тоа е Антонио Милошоски е кривично дело кое се казнува со казна затвор од една до десет години според Член 317 од Кривичниот законик.
Поради таквиот факт, Кабинетот на Иванов во никој случај не смеел да го даде Извештајот на пратеник кој што нема безбедносен сертификат, а Милошоски воопшто немал право да бара таков извештај.
Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Кабинетот на Иванов е незаконско, недржавничко и против интересите на македонските граѓани и тоа мора да биде санкционирано. Членот 317 од Кривичниот законик е јасен и прецизен:
„Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му соопшти, предаде или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се државна тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор од една до пет години.“
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Иванов не можат да се откажат од навиката да ги погазуваат законите и Уставот и да работат против интересите на државата.
Поради тоа, против Милошоски и против тој што му го доставил документот ќе поднесеме кривична пријава за оддавање државна тајна, врз основа на член 317 од Кривичниот законик.
Времето на незаконско, антидржавно и неодговорно делување заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, Македонија денес е правна држава. СДСМ останува цврсто посветена на заложбите за еднаквост пред законите и неселективно владеење на правото и нема да дозволи било кој да работи спротивно на законите и интересите на граѓаните – стои во соопштението на СДСМ.