Собранието ја одложи свечената изјава на новоизбраните членови на Државната изборна комисија, поради присуство на Талат Џафери на комеморативната седница во Приштина, по повод смртта на активистот за национални и човекови права, Адем Демачи, – се наведува во соопштението од Кабинетот на Претседателот на Собранието.
Собранието дополнително ќе ја закаже активноста за свечените изјави на членовите на ДИК.