ВМРО- ДПМНЕ: Владата ги манипулира граѓаните

Сподели

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Владата и премиерот Заев залудно ги манипулирале граѓаните, бидејќи во ЕУ и НАТО, како што велат, не се оди со крадење.

Според нив, се распродава името и брише историјата, заедно со традицијата и културата. Оттаму велат дека  сдсм ја третира државата како своја лична сопственост со тендерите и грантовите доделени на фирми во сопственост на државни и партиски функционери.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија нема да оди напред со откажување од сѐ што е македонско.