Пожарникарите и понатаму продолжуваат да се борат со огнената стихија што ги зафати ред повеќе од две недели северните подрачја на Калифорнија.
Во борбата со гасењето на пожарот учествуваат повеќе од 14.000 пожарникари. Постои загриженост дека пожарите, кои се активни на 16 различни локалции, би можеле да се прошират наредните денови, кога се очекува температурата да достигне до 43 степени.
Претседателот Доналд Трамп, на Твитер, за проширувањето на пожарот ги обвини локалните официјални лица и пожарникарите. Тој смета дека пожарите се проширени и не се ставени под контрола поради лошата политика на локалните власти и бидејќи не користеле вода онолку колку што било потребно.
Во пожарот смртно настрадаа 7 лица. Овој пожар се смета за најголем во историјата на тоа подрачје.