Нов силен земјотрес со интензитет од 6,2 по Рихтер го погоди индонезискиот остров Ломбок каде во неделата имаше земјотрес од 6,9 степени по Рихтеровата скала.
Земјотресот бил на длабочина од 12 километри и епицентар во североисточниот дел од островот.
По двата земјотреси, властите продолжуваат со својата потрага по преживеани. Како што претходно јавија медумите, голем број згради, куќи, патишта се уништени во земјотресите.
Во претходниот потрес загинаа најмалку 350 луѓе, десетици илјади се без покрив.