Јапонија е погодена од силен тајфун

Сподели

Силен тајфун, најсилен во последните 25 години, денеска ја погоди Јапонија, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот на островот Шикоку.

Невремето е проследено со силен ветер кој на моменти достига брзина од речиси 220 километри на час. Тајфунот патува многу брзо, продолжувајќи го патот во правец север-североисток 45 километри на час.

Се очекуваат поројни дождови, а населението во одредени зони ќе мора да се евакуира.

Авиокомпаниите откажале 650 летови, а и бројни железнички станици нема да работат.