Татковина – Блаже Конески
Со замислени меѓи сум ја означил својата татковина.
Сум поставил белеги на сите нејзини
граници и на сите стратегиски точки: на
тераси над реки, езера и над морскиот брег
кај што сум седел долго со пријатели во
летни вечери, при чашка црвено вино.
На пазаришта со раскошни бои и опојни
мириси од есенско обилие.
На планински врвови кога низ проретчени
облаци се открива поглед во далечни
предели.
До кај што сум ја пронесол својата љубов,
дотаму е мојата татковина.
А вие, еј? На што
сте смислиле да ја сведете?!