Чоревски – лауреат на меѓународниот фестивал “Свети Јоаким Осоговски”

Сподели

 

Актерот Благоја Чоревски е годинешен добитник на наградта на меѓународниот театарски фестивал “Свети Јоаким Осоговски”, кој по десетти пат ќе се одржи во Крива Паланка, од 14. до 22 септември.

Во текот на својата долгогодишна актерска кариера Благоја Чоревски има остварено значајни улоги во многу драмски, телевизиски, филмски и радио проекти. Добитник е на бројни значајни признанија.

На меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, ќе бидат изведени осум претстави со театри од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, а во придружната програма ќе бидат промовирани неколку книги од областа на театарот и ќе бидат отворени неколку изложби на фотографија.