Ѓоковиќ по трет пат шампион на УС Опен

Сподели

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои трофејот на Грен слемот во Њујорк. Тој ноќеска го победи Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 3-0, по сетови 6:3, 7:6 и 6:3.

Со триумфот на мечот кој траеше 3 часа и 19 минути, Србинот по трет пат се искачи на тронот на УС Опен.

Воедно за Ѓоковиќ ова е 14-та Грен слем титула со што се изедначи со Пит Сампрас на вечната листа. Пред нив се Рафаел Надал со 17 и Роџер Федерер со 20 трофеи од четирите најголеми светски тениски турнири.

Наградниот фонд на УС Опен изнесуваше 53 милиони долари, од кои 3,8 се наменети за шампионот Ѓоковиќ.