Лондонскиот градоначалник Кан и Блер повикаа на нов референдум за Брегзит

Сподели

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан и поранешниот британски премиер Тони Блер повикаа на нов референдум за членството на земјата во ЕУ во услови коаг се приближува крајниот рок за договорот за Брегзит, пренесе РСЕ.

Кан за Обсервер напиша дека владата е виновна бидејќи на начинот на кој што се справува со преговорите создава конфузија и несигурност околу Брегзит. Според него, животниот стандард, економијата и вработеноста се премногу важни за гласачите да немаат право да го кажат својот став за крајниот резултат.

Блер, кој е проевропски ориентиран исто така повика на втор референдум. Најдобриот одговор, според него, е да се прашаат луѓето дали после две ипол години треба да се продолжи со преговорите или земјата да остане во ЕУ.