МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност претежно во планинските делови. Ќе дува и слаб претежно југоисточен ветер. УВ индексот ќе биде 6. Утринската температура ќе се движи од 6 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб претежно источен ветер. Температурата ќе се движи од 11 до 31 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и релативно топло време со просечни дневни температури за овој период од годината. Во вторник ќе има мало зголемување на облачноста, а до крајот на неделата утринските температури ќе бидат во благо опаѓање.