МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 7до 16, а дневната од 25 до 33 степени. УВ-индексот изнесува 6.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 31 степени.
Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која и во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени.