Почитувани,
Ден после референдумот СДСМ им должи одговор и отчет на граѓаните. Колку пари потрошија СДСМ за кампањата за неуспешниот референдум за капитулантскиот договор кој што го случија?
СДСМ со својата еднолична кампања, изминатите повеќе од месец дена, потрошија милионски суми пари на граѓаните за свои лични цели. Единствено што им беше важно во оваа кампања беше да се себе промовираат, што и тоа им беше неуспешен процес наназад месец дена, бидејќи граѓаните веќе ги знаат капацитетите на Владата и ги имаат на виделина сите криминалии на Владата на Зоран Заев.
Па така ги прашуваме господата од СДСМ, колкава сума на народни пари потрошија за кампањата за неуспешниот референдум, кампања која беше оценета како напад на сите сетила на граѓаните?
Дали се работи за сума на пари потрошена за целата кампања во износ од над 3 милиони евра можеби и повеќе?
Дали СДСМ преку официјална и неофицијална медиумски и теренска кампања потроши над 3 милиони евра?
Дали во текот на изминатите неколку месеци СДСМ ги користеше државните и владините ресурси на трошок на граѓаните за свои лични цели, вклучувајќи автомобили, вработени во Владата и останати режиски трошоци?
Заев кој од уста не го вадеше зборот транспарентност, сега е моментот да излезе и да им каже на граѓаните колку од нивните пари потроши за оваа кампања на неуспешниот референдум.
Сумирајќи ги сите ставки потрошени за кампањата на СДСМ од медиумската кампања, пари потрошени за ПР агенции, пари потрошени преку невладини организации блиски до СДСМ, пари потрошени за организација на евенти и трибини, пари потрошени за други мобилни ставки и слично, износот кој е потрошен е неколку милиони евра, тоа сепак се парите на граѓаните.
Земајќи во предвид дека кампањата на СДСМ беше отпочната пред официјалниот термин за старт на референдумската кампања, тоа дополнително треба да биде предмет на третирање од страна на институциите.
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, Зоран Заев и останатите од СДСМ под превезот на референдумот секојдневно ги цедеа и испумпуваа парите на граѓаните од институциите.
Граѓаните очекуваат одговор уште веднаш, без одлагање како за пропаднатата прослава за влез во НАТО, да одговорат од Владата и Заев, колку пари на граѓаните потрошија за свои лични цели во кампањата за неуспешниот референдум.
На крајот, сепак граѓаните на Република Македонија и Република Македонија ќе победат!
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ