На младинските Олимписки игри во Буенос Аирес, Македонија учествува со 6 спортисти

Сподели

Во Буенос Аирес ќе се одржат третите летни Младински Олимписки Игри, од 6 до 18. октомври, на кои нашата земја ќе биде претставувана од шестмина спортисти.

„-Успешниот настап не се само постигнатите резултати или времиња во трките во кои ќе учествувате. Успех ќе претставува и начинот на кој ќе ја претставувате оваа мала земја. Затоа бидете горди што учествувате на еден ваков настап и верувам дека ќе дадете се од себе“, изјави претседателот на МОК, Васил Тупурковски.

Знаменосец ќе биде Ана Марија Георгиевска, која оствари најзначаен резултат, со освојувањето на 3.место на Светското првенство во теквондо. Покрај Георгиевска, во нашата експедиција која утре заминува за Буенос Аирес, а ќе бидат и Миа Крстевска, пливање, 200 и 100 метри грбно
Драган Велинов, борење, 110 килограми, Берат Мустафа, атлетика, 400 метри, Хамза Јашари, џудо, 66 килограми и Фаик Весели, карате, 61 килограм.

Македонската експедиција ќе биде предводена од Владимир Богоевски, спортскиот директор на Македонскиот Олимписки Комитет.